Приказната на Електронче е приказна за младост, упорност и верување дека секое дете може да биде иноватор.
20+
Натпревари
18
Награди
16
Први места

Бодан, 15 години
Творец на Електронче
Електронче е нова иновативна платформа и бренд што ја буди љубопитноста и креативноста кај децата и младите преку учење со практика.
Едукативните сетови за електроника се внимателно прилагодени за различни возрасни групи — од најмладите на 4 години, до постарите на 15 години.
Целта на платформата е да поттикне практично учење, развој на технички вештини и критичко размислување преку комбинација на експерименти, видео туторијали и менторска поддршка.
Творецот на платформата, Бодан, има 15 години и е целосно посветен на мекатроника, електроника и физика. Уште од петтата година покажува љубов кон иновациите, а на девет години веќе активно учествува на натпревари.
Неговиот прв јавен настап е во 2019 година на Maker Faire во Битола, каде го претстави проектот “ElecTricks” — момент што го смета за почеток на неговиот пат како млад иноватор.
Тој е доказ дека упорноста, љубопитноста и идејата можат да ја претворат младата енергија во вистинска инспирација за сите генерации.
Од прв проект до светски натпревари
Прв јавен настап со проектот ElecTricks — почеток на патот како млад иноватор.
Тимски освоено прво место на NASA Space Kids Challenge.
Специјална награда — Intergalactic Rocketry Wizard во рамки на NASA Space Apps Challenge.
На само 12 години, тим од тројца врсници освои второ место во сениорска категорија — прв ваков успех на тим од таа возраст во десет години.
Три последователни години освојува први места на Државен натпревар по роботика, Меѓународен натпревар за иновации МАКИНОВА и Државен натпревар на млади физичари.
Ја претставува Македонија на Maker Faire во Сараево под името Dreambuilder.
Како член на тимот NOOBS, освојува прво место на државниот FLL натпревар. Тимот ја претставува Македонија на светското FLL на универзитетот Embry-Riddle во Флорида, САД.
Најмлад член на државниот тим кој ја претставува Македонија на олимпијадата по роботика First Global Challenge во Панама Сити.
Да поттикнеме практично учење, развој на технички вештини и критичко размислување кај секое дете во Македонија.
Експерименти, не сува теорија. Видео туторијали и менторска поддршка на секој чекор.
Прва платформа со STEM материјали целосно достапни на македонски јазик.
Насока и поддршка за да се надминат сложените концепти и младите правилно да напредуваат.
Бодан е редовен учесник во програмите по електроника на Научно-истражувачкиот центар во Петница.
Интервјуа, гостувања, телевизиски прилози и јавни претставувања.

Бодан претстави свои проекти и постигнувања во телевизиска програма, споделувајќи го своето искуство во електрониката и роботиката.