Три уникатни нивоа прилагодени за различна возраст и искуство. Избери го совршениот сет за твоето дете.

Овој сет е едноставен, безбеден и наменет за мали деца. Преку склопување на робот со четири подвижни нозе, децата на забавен и практичен начин се запознаваат со основите на електрониката и роботиката. Роботот се движи со помош на лостови и ексцентрици, кои го претвораат кружното движење од моторот во движење на нозете.
Што вклучува:

„Електронче“ е сет кој ја претвора љубопитноста во практично знаење. Со него, вашето дете ќе научи да состави автомобил на далечинско управување, да користи модул за контролирање, да поврзува основни електрични кола и да ги разбере почетните основи на аеродинамиката. Сетот вклучува сè што е потребно за забавен и едукативен проект.
Што вклучува:

„Електронче Плус“ е сет за млади техничари кои сакаат да одат чекор понатаму во роботиката. Со овој сет, детето составува роботска рака со 4 оски, Arduino Nano, џојстик контрола и C++ програмирање. Проектот помага во развој на логичко размислување, технички вештини и подобро разбирање на програмабилни роботи.
Што вклучува:
Секој сет доаѓа со се потребно за учење и забава
Безбедно за деца
Тестирано и безбедно за соодветната возраст
На македонски
Целосно упатство на македонски јазик
Видео туторијали
Чекор-по-чекор видео водич за секој проект
Менторска поддршка
Директна помош ако заглавиш
Брза достава
Низ цела Македонија за 2-3 дена